АНКАРА (АА) - Турција продолжува со своите значајни проекти, вклучувајќи го и проектот за Истанбулскиот канал, кој ќе биде паралелен на Босфорот и ќе ги поврзува Црното и Мраморното Море, пишува Anadolu Agency (AA).
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, често често го споменува проектот за Истанбулскиот канал и за време на телевизиско интервју на 8 јуни, го окарактеризира проектот како стратешки.
„Ова е стратешки проект. Оној кој не го разбира проектот за Истанбулскиот канал, не може да ги разбере ни Истанбул ни Турција“, изјави турскиот претседател.
И турскиот премиер Бинали Јилдирим, неодамна, исто така нагласи дека Истанбулскиот канал навистина претставува стратешки проект, а не рекреативен проект.
Всушност, проектот е стратешки, бидејќи не само што ќе обезбеди олеснување на бродскиот сообраќај низ Босфорскиот теснец, туку и ќе обезбеди безбеден премин за бродовите.
Во 2011 година Ердоган го претстави проектот како дел од целите на листата за 2023 година.
Турскиот претседател во април оваа година истакна дека проектот за Истанбулскиот канал ќе биде еден од најголемите проекти во градот. Во истото обраќање, тој изјави дека изградбата на мегапроектот ќе започне во неговиот нов мандат по изборите.
- Светски бренд –
Нагласувајќи, во многу од неговите говори, дека проектот претставува светски бренд, Ердоган, исто така потсети и на инцидентот кој се случи во април, кога танкер погоди вила на брегот под мостот „Фатих Султан Мехмед“ на Босфорот, и предизвика голема штета.
„Доколку не сакаме да видиме уште една катастрофа со танкер или вила на Босфорот, уште еднаш ве потсетувам зошто изградбата на Истанбулскиот канал е задолжителна“, рече Ердоган претходно.
Турскиот министер за транспорт, поморски работи и комуникации, Ахмет Арслан, претходно изјави дека Истанбулскиот канал е еден од најголемите проекти на земјата, и рече: „Во моментот, најголемиот проект на нашата земја е третиот аеродром во Истанбул, кој чини околу 10,5 милијарди евра (12,8 милијарди долари), но Истанбулскиот канал ќе биде поголем во вредност.“
Арслан, исто така нагласи дека Владата очекува оти од Истанбулскиот канал ќе генерира приходи од речиси 8 милијарди долари годишно.
Пловниот канал долг 45 километри, кој ќе биде изграден во истанбулскиот коридор Кучукчекмеџе - Сазлидере - Дурусу, ќе има капацитет од 160 бродови на ден, и би требало да биде завршен до 2023 година, а ќе чини приближно 15 милијарди долари. Проектот ќе се гради преку моделот за финансирање „изгради-управувај-предај“.
Според информациите кои АА ги доби од Министерството за животна средина и урбано планирање, ширината ќе варира од 250 до 1.000 метри, овозможувајќи простор за управување на бродовите.
- Сеул пружа поддршка -
Во тој контекст, танкер со должина од 275 метри и широчина од 48 метри, ќе биде во можност да пренесува максимална тежина од 145.000 тона, додека товарен брод со должина од 340 и широчина од 48,2 метри, ќе може да пренесува максимално 120.000 тони тежина.
Високиот заменик-претседател на „SK Engineering and Construction“ (SK E&C), Сунг Су Ли, изјави дека за време на посетата на турскиот претседател на Јужна Кореја во мај оваа година, разговарале во врска со проектот за каналот.
Јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин изјави дека неговата земја се радува да даде поддршка за проектот.
„Учествувавме во проектите за Евроазискиот тунел и мостот Чанаккале 1915 во Турција, и имаме искуство во таа земја“, вели Сунг.
Додека Владата го пофали овој мегапроект, претседателскиот кандидат на главната опозициска Републиканска народна партија (CHP), Мухарем Инџе, се противи на проектот и тврди дека тој претставува „луксуз“ за земјата.
Сепак, Инџе ја пропушти поенатата дека проектот нема да биде финансиран од Владата, туку дека тој ќе биде изграден преку моделот „изгради-управувај-предај“, што овозможува концесија на приватна компанија за финансирање, изградба и управување со проект.