Kübra Chohan
19 Ноември 2017•Ажурирај: 21 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Турските сили приведоа над 2.200 мигранти без документи низ целата земја, соопшти денес турската војска, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението, турскиот Генералштаб истакнува дека граничната единица на Командата на копнените сили привела 2.179 мигранти во саботата, при обид да влезат од Сирија во Турција.
Вкупно 116 мигранти се фатени во обид да влезат во Турција од Грција, се вели во соопштението.
Други 148 мигранти биле фатени кога се обидувале илегално да преминат во Сирија, Иран, Грција и во Бугарија.