Zafer Tayfur
03 Мај 2019•Ажурирај: 05 Мај 2019
ВАН (AA) - Шест мртви тела на мажи биле пронајдени во близина на турско-иранската граница во подрачјето на Башкале, во турската источна област Ван, јавува Anadolu Agency (AA).
Овчарите кои виделе едно мртво тело во местото Геленлер, во близина на иранската граница, пријавиле во жандармеријата.
Жандармериските екипи, како резултат на нивното истражување во близина на местото, во различни места на потокот Султанчајир откриле уште 5 машки мртви тела.
Се соопштува дека 6-те мртви тела се појавиле откако бил стопен снегот во областа и дека припаѓаат на нерегуларни мигранти кои во текот на зимата, при обид да ја преминат границата, замрзнале.