Sena Güler
27 Март 2018•Ажурирај: 27 Март 2018
АНКАРА (АА) - Академската програма за учење на турски јазик ќе ја следат повеќе од 4.200 млади Сиријци во рамките на проектот за поддршка на бегалците, кои сакаат да студираат во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Дирекцијата за турска дијаспора и сродни заедници (YTB) и Комесаријатот на ОН за бегалци (УНХЦР) во заедничко соопштение наведоа дека соработуваат со ЕУ за да им се овозможи на младите сириски бегалци во Турција полесен пристап на високошколските установи.
„Со воспоставувањето на Програмата за подготовка за студии ќе биде задоволена потребата на сириските бегалци за учење на турскиот јазик, кој им е потребен за студирање“, се наведува во соопштението.
Проектот под називот „Зголемување на бројот на сириски бегалци на студии во Турција“, како и проектот „Поддршка на турските институции во ублажувањето на ефектот на бегалската криза“, ќе ги финансираат ЕУ и Република Турција.
„Во рамките на овие два проекта, во училишната 2017/2018 година, деветмесечната забрзана Програма за изучување на турскиот јазик ќе имаат можност да ја следат повеќе од 4.200 сириски ученици кои завршие средно училиште. Така ќе стегнат потребно ниво на знаење на турскиот јазик за академското образование на турските универзитети“, се наведува во заедничкото соопштението на УНХЦР и YTB.
Катарина Лумп, на претставниците на УНХЦР во Турција, им укажа на значењето на проектот кој ќе им овозможи на младите сириски бегалци да го остварат сонот за студирање и да станат образовани и корисни членови на заедницата.
Челникот на YTB, Мехмет Кос, изјави дека тој вид проект има долгорочна корист за сириските млади лица и за мирот во регионот и во светот.
„Вистина е дека граѓанската војна во Сирија предизвика голема материјална штета и дека се потребни години за да се обнови инфраструктурата во оваа земја. Меѓутоа, важно е на младите Сиријци во бегство да им се овозможи корисно да го поминат времето и да размислуваат за иднината на Сирија“, изјави Кос.
Истакнувајќи дека сириската млада генерација која ќе ја обновува и гради Сирија, Кос изјави дека нема да дозволи тоа да биде изгубена генерација.
Шефот на делегацијата на ЕУ во Турција, Кристијан Бергер, изјави дека образованието е клучна точка во поддршката која ЕУ ја пружа на сириските бегалци.
„Одлуката на Турција на сириските бегалци да им се укине школарината за студии, ни овозможи да имплементираме вакви проекти во соработка со УНХЦР и со турските институции како што е YTB“, изјави Бергер.
Турција е земја која згрижува најголем број бегалци во светот, а во неа моментално се наоѓаат околу 3,5 милиони бегалци од Сирија.