Mümin Altaş
30 Мај 2021•Ажурирај: 31 Мај 2021
АНКАРА
Министерството за одбрана на Турција соопшти дека од почетокот на годината, во акциите против терористичките организации во земјата и надвор од границите на земјата, неутрализирани се вкупно 1.162 терористи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Службеничката за анализа и проценување при Кабинетот за односи со медиумите на Министерството за одбрана на Турција, Пинар Кара, на прес-конференција ги сподели деталите за борбата против тероризмот оваа година.
„Од 1 јануари во земјата и преку граница изведени се вкупно 181 операција, досега се неутрализирани 1.162 терористи, од кои 225 во мај“, рече Кара.
Додаде дека од почетокот на операциите „Канџа-Молња“ и „Канџа-Гром“ неутрализирани се 142 терористи, меѓу кои еден беше надлежен за терористичката организација ПКК во регионот.
„Откриени се и уништени 57 пештери, 110 засолништа, запленети се 398 мини, како и значајна количина друго оружје, муниција и различни материјали“, рече Кара.
Таа се осврна и на борбата против терористичката организација ФЕТО, која стои зад обидот за пуч во Турција, на 15 јули 2016 година.
„Од 15 јули 2016 година суспендирани се 24.714 лица поврзани со ФЕТО, а судските постапки продолжуваат против 2.493 лица“, откри Кара.