Burak Bir
15 Јуни 2019•Ажурирај: 15 Јуни 2019
АНКАРА (AA) – Турскиот Устав ја гарантира слободата на печатот и изразувањето, соопшти Министерството за надворешни работи на Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Меѓутоа, ова право не може да одобри противзаконски акции и промовирање на тероризмот под превезот на новинарството“, соопштено е од Министерството преку социјалната мрежа Твитер.
Соопштението дојде неколку часа откако Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Турција на Твитер објави:
„Слободата на изразувањето и печатот ја јакне демократијата и мора да биде заштитена секаде.“