Mehmet Şah Yılmaz
10 Ноември 2021•Ажурирај: 10 Ноември 2021
АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, се сретна со претседателот на Врховниот совет на либиската држава, Халид ел Мишри, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во објавата на својот профил на Твитер, министерот Чавушоглу потсети дека последен пат биле домаќини на претседателот на Врховниот совет на Либија, Мишри, во септември.
Чавушоглу, исто така, додаде: „Со Мишри разговаравме за актуелната политичка ситуација и за последните случувања. Наша единствена желба е во Либија да надвладее стабилноста, просперитетот и мирот. За таа цел продолжуваме да ги поддржуваме нашите либиски браќа.“