İlker Girit
30 Декември 2016•Ажурирај: 31 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Министерство за внатрешни работи на Турција денес затвори 94 невладини организации, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од Министерството, организациите во 20 области биле поврзани со терористичката група ФЕТО, ПКК/КЏК, Фронтот на револуционерната народноослободителна партија (ДХКП-Џ), ДЕАШ и со екстремно левичарските организации.
Тие беа затворени со цел да се заштити безбедноста и јавниот ред, велат властите.
Од Министерството за внатрешни работи се вели дека 42 организации биле поврзани со ФЕТО, а пак 26 со терористичката група ПКК/КЏК. Три организации биле поврзани со ДХКП-Џ и четири со ДЕАШ. Останатите биле поврзани со екстремно левичарските организации.
Денешниот чекор беше преземен во рамките на законот за вонредна состојба, се додава во соопштението од министерството.
По обидот за државен удар што се случи на 15 јули во Турција, во кој загинаа 248 лица, Турција прогласи вонредна состојба.