Osman Öksüz
22 Април 2017•Ажурирај: 23 Април 2017
МАДРИН (АА) - Во Мардин, град во југоисточна Турција, познат по арапската архитектура и стратешката позиција на планината од која се наѕираат рамнините на северниот дел на Сирија, започна првиот Меѓународен фестивал на змејови за летање, јавува Anadolu Agency (AA).
Во текот на четиридневното одржување на фестивалот, ќе се одржат многу активности. Првиот ден е одржана прошетка на која присуствуваа голем број на луѓе облечени во шарени костуми од различни времиња и цивилизации.
Во Мардин, град во кој што беа снимени многу турски серии и филмови, во мир и тишина со векови живеат луѓе кои зборуваат на различни јазици, имаат различна религија и култура.
Од различни турски градови во Мардин, кој се наоѓа на привремената листата на УНЕСКО, дојдоа гости кои од тврдината пуштија голем број на змејови за летање.
Нихат Ердоган, директор на Музејот на Мардин, објасни дека оваа година за прв пат е организиран меѓународен фестивал.
Тој посочи дека на прошетката учествуваа илјадници луѓе, а околу 5.000 змејови. беа пуштени во воздухот. Змејови беа пуштени и од тераса на старите и историски куќа во Мардин.