Şerife Çetin
10 Март 2021•Ажурирај: 11 Март 2021
АНКАРА (АА) - Следните консултативни средби помеѓу Турција и Грција ќе се одржат на 16 и 17 март во грчкиот главен град Атина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од турските власти, делегациите на двете земји ќе се состанат во Атина.
Претходните средби се одржаа на 25 јануари во Истанбул
Инаку, претходно за овие средби се користеше изразот „прелиминарни средби“, додека сега се користи изразот „консултативни средби“.
Турција и Грција со овие средби имаат за цел решавање на споровите во Егејското Море и Источниот Медитеран.
Двете земји овие средби ги започнаа на 12 март 2020 година со цел да се подготви база за правично, постојано и сеопфатно решение кое ќе биде прифатено од двете страни.