19 Јануари 2022•Ажурирај: 21 Јануари 2022
НЕВШЕХИР (АА) - Кападокија, една од најпознатите туристички дестинации во Турција, каде што се спојуваат убавините на природата и историјата, формирајќи еден од најубавите пејзажи на светот, е прекриена со снежна прекривка, јавува Агенција Анадолија (АА).
Снегот ја прекри Кападокија, која се наоѓа на Листата на светско наследство на УНЕСКО.
Инаку, временските услови на тоа подрачје дозволуваат возење со балон околу 300 дена во годината. Посетителите го искористија времето и уживаа во снежно прекриената Кападокија од воздух.
Во градот Ѓореме живеат 2.100 луѓе. Се случува наутро на небото да летаат и до 100 балони. Секој балон може да носи до 20 луѓе. Годишно Кападокија ја посетуваат околу 2,5 милиони туристи.
Додека геолошките движења формираа бели самовилски оџаци, луѓето низ историјата во Кападокија оставиле траги од сопствените цивилизации, клесајќи во карпите куќи и претворајќи ги во ремек-дела на човечката цивилизација.