Sarp Özer
17 Ноември 2016•Ажурирај: 17 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - На парламентарната комисија за план и буџет, започнаа средбите околу буџетите на министерството за одбрана, подсекретаријатот на индустријата за одбрана како и Дирекцијата за снабдување со гориво и управување со НАТО ПОЛ објекти, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за одбрана Фикри Ишик, за време на презентацијата на буџетот на Mинистерството за одбрана, во врска со борбата против тероризмот, го истакна следното: „Од должност во турските вооружени сили (ТВС) досега се отстранети 3.665 членови на персоналот поради нивната поврзаност со терористичката организација ФЕТО. Сметајќи ги заедно со 16.423 питомци, од турските вооружени сили се повлечени 20.088 лица. Покрај тоа, продолжува истрагата за 2.855 членови на персоналот на ТВС“.
Тој се осврна и на борбата против сепаратистичката терористичка организација ПКК: „Одлучни сме да ја продолжиме нашата борба против терористичката организација ПКК. Во изминатите 35 години на оваа терористичка организација и беа нанесени големи загуби. Турција е една од земјите лидери во борбата против тероризмот, и одлучни сме до крај да ја водиме нашата борба.“