Турција

Истрага против терористичката ФЕТО во Турција, приведени осомничени во повеќе градови

Полицијата во пет турски градови, меѓу кои и Коња, лиши од слобода шест од 11-те лица осомничени за поврзаност со таа терористичка организација

Melike Keskin  | 06.07.2020 - Обновена : 06.07.2020
Истрага против терористичката ФЕТО во Турција, приведени осомничени во повеќе градови

КОЊА (АА) - Во рамките на истрагата против терористичката организација ФЕТО во Турција, уапсени се шест од 11 лица осомничени за поврзаност со терористичката организација, која стои зад крвавиот обид за пуч во Турција на 15 јули 2016 година, јавува Агенција Анадолија (AA).

Државното обвинителство во Коња ја продолжува истрагата против терористичката организација ФЕТО.

Полицијата во пет турски градови, меѓу кои и Коња, лиши од слобода шест од 11-те лица осомничени за поврзаност со таа терористичка организација.

Операцијата беше спроведена против лица поврзани со ФЕТО, инволвирани во турските воени структури.

Полицијата ја продолжува операцијата за приведување на осомничените кои не се пронајдени на нивните домашни адреси.

Исто така, полицијата во уште четири турски градови, меѓу кои и Бурса, уапсила 16 лица осомничени за поврзаност со ФЕТО, од кои 14 се пренесени во судница.

- Теористичката организација ФЕТО одговорна за крвавиот обид за пуч -

Терористичката организација ФЕТО е одговорна за обидот за пуч во Турција, ноќта на 15 јули 2016 година.

Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), а чија екстрадиција Турција официјално ја побара од САД.

Припадниците на таа терористичка организација со години, преку местење на испитите, напредуваа во службата, на тој начин инфилтрирајќи се во институциите на државата. Потоа, прво во декември 2013 година, приврзаниците на ФЕТО во турското правосудство се обидоа со монтиран процес за наводна корупција да процесуираат бројни високи претставници.

Неколку години подоцна уследи крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обид за пуч што го извршија офицерите кои ФЕТО ги инфилтрираше во турската Војска.

Истрагата за терористичката организација ФЕТО покажа дека станува збор за глобална мрежа која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските власти. За време на обидот за пуч во Турција загинаа 251 лице, а околу 2.200 беа повредени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın