Турција

Истрага против терористичката ФЕТО во Турција: Издадени налози за приведување 53 осомничени

Осомничените користеле тајни и паралелни системи за комуникација во турската Војска, а меѓу нив има и војници во активна служба, како и претходно суспендирани или пензионирани припадници

Halil Demir  | 14.09.2020 - Обновена : 15.09.2020
Истрага против терористичката ФЕТО во Турција: Издадени налози за приведување 53 осомничени

ИСТАНБУЛ (АА) - Турската полиција спроведува уште една голема акција за приведување на осомничени лица за поврзаност со терористичката организација ФЕТО и на подрачјето на 21 турска област трага по 53 осомничени, јавува Агенција Анадолија (AA).

Врз основа на истрагата за инфилтрираните елементи на терористичката организација ФЕТО во Турските вооружени сили (ТСК), Обвинителството во Истанбул издаде налог за приведување на вкупно 53 осомничени.

Осомничените користеле тајни и паралелни системи за комуникација во турската Војска, а меѓу нив има и војници во активна служба, како и претходно суспендирани или пензионирани припадници.

Постапувајќи по налог на Обвинителството, турската полиција започна истовремени акции за приведување во 21 турска област, а досега од слобода се лишени повеќе осомничени.

Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција ноќта на 15 јули 2016 година.

Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), и чија екстрадиција Турција официјално ја побара од САД.

Припадниците на таа терористичка организација, со години, преку местење испити напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, приврзаниците на ФЕТО во правосудството на Турција со монтиран процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.

Неколку години подоцна следуваше и крвавиот неуспешен обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обид за пуч, кој го изведоа офицерите кои ФЕТО ги инфилтрираше во турската Војска.

Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските функционери. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251, а ранети беа околу 2.200 лица.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın