Турција

Истанбул: Во акција против ДЕАШ приведени 10 лица

- Меѓу приведените се наоѓаат и странски државјани со потекло од Азербејџан, Сирија, Палестина и Узбекистан

Hüseyin Bağış  | 09.07.2020 - Обновена : 10.07.2020
Истанбул: Во акција против ДЕАШ приведени 10 лица

ИСТАНБУЛ

Во акција насочена против терористичката организација ДЕАШ приведени се 10 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).

Акцијата за приведување ја започнаа екипи на Одделот за борба против тероризам на Истанбулската полиција, која беше насочена против лица осомничени за врски со ДЕАШ и со странски бојни полиња.

На 14 адреси и 10 подрачја извршени се претреси за да бидат фатени лицата за кои е утврдено дека на социјалните мрежи споделувале содржини поврзани со организацијата.

Меѓу приведените се наоѓаат и странски државјани со потекло од Азербејџан, Сирија, Палестина и Узбекистан.

Против 6 странски државјани со потекло од Сирија, Палестина и Узбекистан е покрената постапка за депортација, додека сѐ уште трае процесуирањето на 4 лица, меѓу кои се наоѓа и државјанин на Азербејџан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.