Турција

Иран и европските земји се согласија да продолжат со нуклеарните разговори

- Неодамнешните случувања во врска со олеснувањето на санкциите и нуклеарното прашање беа дискутирани за време на „сериозни, искрени и детални“ разговори, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Иран

Serdar Dincel  | 25.07.2025 - Обновена : 25.07.2025
Иран и европските земји се согласија да продолжат со нуклеарните разговори

ИСТАНБУЛ (АА) - Иран и Велика Британија, Франција и Германија, како претставниците на европските земји, се согласија да продолжат со консултациите откако Техеран и земјите од Е3 одржаа нуклеарни разговори денес во Истанбул, известува Анадолу.

Опишувајќи ги разговорите како „сериозни, искрени и детални“, заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, денес на платформата X објави дека биле разгледани и дискутирани неодамнешните случувања во врска со ублажувањето на санкциите и нуклеарното прашање.

„Додека сериозно ги критикувавме нивните ставови во врска со неодамнешната војна на агресија против нашиот народ, ги објаснивме нашите принципиелни ставови, вклучително и за таканаречениот механизам за автоматско продолжување на санкциите“, изјави Гарибабади.

Нагласувајќи дека двете страни се приклучиле на преговорите „со конкретни идеи, чии различни аспекти биле разгледани“, тој додаде дека се согласил дека „консултациите за ова прашање ќе продолжат“.

Денес, делегации од Иран и трите европски земји Франција, Германија и Велика Британија, заедно познати како Е3, ја завршија втората рунда нуклеарни разговори во Генералниот конзулат на Иран во Истанбул.

Групата Е3 претходно се состана со ирански претставници во Истанбул на 16 мај на разговори на ниво на заменик-министер за надворешни работи.

Разговорите меѓу САД и Иран и поширокиот процес на преговори со европските страни беа прекинати по нападите на Израел врз Иран на 13 јуни.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.