Barış Gündoğan
31 Октомври 2020•Ажурирај: 31 Октомври 2020
АНКАРА
Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 6,6 степени, што се случи вчера на отворени води во Егејското Море, кај местото Сеферхисар во Измир, се зголеми на 26 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение на Твитер ја потврди министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа.
„Досега во земјотресот имаме 26 жртви“, рече Коџа, додавајќи дека 381 лице се во процес на лекување, од кои 25 се наоѓаат на интензивна нега.
Тој информира дека четири хируршки операции биле успешно реализирани, додека лекувањето на 504 лица е завршено.
Коџа нагласи дека мобилизирани се различни медицински тимови, како и амбулантни возила и болници.