Ahmet Sertan Usul
03 Април 2020•Ажурирај: 03 Април 2020
АНКАРА
Со авиони на „Туркиш ервејс“ и „Алжир ервејс“ започна евакуацијата на околу 1.200 турски државјани од Алжир, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во координација на заменик-претседателот на Турција, Фуат Октај, со заедничка работа на министерствата за надворешни работи, внатрешни работи, здравство, транспорт и инфраструктура, се планира евакуацијата на турските државјани кои се наоѓаат во Алжир да биде завршена до крајот на неделата.
Во тие рамки, за преземање на Алжирците кои престојуваат во турскиот град Карабуќ, кон Самсунг ќе полетаат три авиони на „Алжир ервејс“ со 555 турски државјани. По пристигнувањето во Турција, 320 турски државјани 14 дена ќе бидат под надзор во градот Токат, а 235 во градот Амасја.
Евакуацијата на преостанатиот дел од 1.200 турски државјани кои се наоѓаат во Алжир се очекува да се изврши утре и в недела со авионите на „Туркиш ервејс“.