Mehmet Tosun
07 Август 2019•Ажурирај: 08 Август 2019
АНКАРА (АА) – Турското Министерство за национална одбрана соопшти дека преговорите со американските воени претставници во врска со планираната безбедносна зона во северна Сирија завршија и дека е договорено за најкраток временски рок формирање на Центар за заеднички операции, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Министерството за национална одбрана на Турција се информира за завршувањето на преговорите со американските воени претставници во за безбедносната зона во северна Сирија, одржани во Министерството за одбрана на Турција на 5-7 август.
За време на разговорите, договорено е за најкраток временски рок формирање на Центар за заеднички операции во Турција за да може заедно со САД да се координира и води воспоставувањето на безбедносната зона.
Турските и американските воени претставници, исто така, се согласија дека безбедносната зона ќе биде мировен коридор и дека ќе бидат преземени дополнителни мерки за да се вратат раселените Сиријци во своите домови.