Турција

За двајцата припадници на ФЕТО донесени од Косово, побарана казна затвор од 22,5 и 15 години

Во судскиот процес, Обвинителството за едниот, под обвинение за „раководител во вооружена терористичка организација“ бара казна од 22,5 години затвор, додека за другиот обвинет, се бара казна до 15 години затвор

Muhammed Enes Can, Murat Kaya  | 20.02.2020 - Обновена : 21.02.2020
За двајцата припадници на ФЕТО донесени од Косово, побарана казна затвор од 22,5 и 15 години

ИСТАНБУЛ - Во рамките на истрагата за структурите на терористичката организација ФЕТО во странство, Турската служба за разузнавање МИТ до крај ги спроведе активностите заедно со Косовската разузнавачка служба, по што во Турција беа депортирани Мустафа Ердем и Јусуф Карабина. Во судскиот процес против нив, Обвинителството за Ердем, под обвинение за „раководител во вооружена терористичка организација“ бара казна од 22,5 години затвор, додека за Карабина, под обвинение за „член во вооружена терористичка организација“ се бара казна до 15 години затвор.

На рочиштето на 30. Висок кривичен суд во Истанбул, со своите адвокати учествуваа и обвинетите Мустафа Ердем и Јусуф Карабина.

Рочиштето започна со читање на обвинението, а меѓу сесиите јавниот обвинител го искажа својот став за обвинетите.

Меѓу сесиите на рочиштето обвинителот побара на обвинетите да им се продолжи притворот и во текот на судењето, додека адвокатите на обвинетите побараа време за подготовка на одбраната против обвинението.

По продолжувањето на притворот во текот на судскиот процес, судењето е одложено.

- Барање на Обвинителството -

Во обвинението се наведува дека кај обвинетите е пронајдена шифрираната програма за комуникација „Бајлок“ што ја користат припадниците на ФЕТО, и се истакнува дека терористичката организација им излегла во пресрет на обвинетите.

Во обвинението се вели дека за обвинетиот Мустафа Ердем е пронајден дигитален материјал за неговата комуникација со другите лица донесени од Косово и со други обвинети кои се судат за истите дела и за други активности поврзани со организацијата.

За Ердем и Карабина е подигнато обвинение поради тврдењето дека вршеле „меѓународна шпионажа“, но поради недоволно податоци се бара нивно ослободување од ова обвинување.

Обвинетиот Мустафа Ердем продолжил со своите активности сѐ до неговата депортација во Турција, спроведувајќи го формирањето на ФЕТО во Косово, каде што се наоѓал на позицијата раководител во организацијата, поради што за Ердем под обвинение за „раководење со вооружена терористичка организација“ се бара затворска казна од 15 до 22,5 години.

Обвинителството за Јусуф Карабина, под обвинение за „членство во вооружена терористичка организација“ бара казна од 7,5 до 15 години затвор.

- Историјат на настанот -

МИТ во соработка со Косовската разузнавачка служба спроведе операција по која на 24 март во Турција беа депортирани 6 високи члена на ФЕТО/ПДС, меѓу кои и обвинетите Мустафа Ердем и Јусуф Карабина.

Истанбулското јавно обвинителство во обвинението што го подготви за Мустафа Ердем и Јусуф Карабина поднесе барање за казна затвор од 16,5 до 28,5 години за секого одделно, под обвинение за „раководење со вооружена терористичка организација“ и „меѓународна шпионажа“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın