Mehmet Tosun
21 Март 2021•Ажурирај: 21 Март 2021
АНКАРА
Во соопштението што го објави Одделот за комуникации при турското Претседателство се наведува дека претседателот Реџеп Таип Ердоган испратил порака по повод Новруз, денот на кој се слави пристигнувањето на пролетта, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот Ердоган, упатувајќи честитки по повод Новруз, предвесникот на пролетта, симболот на мирот и братството, во својата порака го наведе следново:
„Посакувам да се вкорени во целиот свет и да биде трајно чувството на единство и солидарност што го посочува Новруз, денот што со ентузијазам се слави илјадници години на поширока географија, од Централна Азија до Анадолија и Балканот. Со надежта и возбудата што ни заживува Новруз ќе продолжиме да градиме попросперитетна, поправедна и побезбедна иднина за нашата земја, нашиот регион и целото човештво, рамо до рамо со жените, мажите, младината и старите луѓе. Со желба Новруз да донесе благосостојба, изобилство и добри вести на нашата сакана нација и целото човештво, со најискрени чувства, од сè срце ги поздравувам сите наши граѓани.“