Турција

Ердоган: „Челниците на Минск групата се на страната на Ерменија и испраќаат оружје"

Турскиот претседател Ердоган рече дека Турција го поддржува Азербејџан во неговата борба за ослободување на територијата која Ерменија ја окупиа веќе речиси три децении

Jeyhun Aliyev  | 18.10.2020 - Обновена : 19.10.2020
Ердоган: „Челниците на Минск групата се на страната на Ерменија и испраќаат оружје"

ШИРНАК

Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека челниците на Минск групата застанаа на страната на Ерменија и дека ја снабдуваат со оружје, јавува Агенција Анадолија (АА).

Турскиот претседател и претседателот на владејчаката Партија на правдата и развојот (АК Партија) Ердоган го посети Ширнак, градот на турската граница со Ирак и Сирија во кој денес се одржува конгресот на регионалното партиско раководств.

Истакнувајќи дека заговара и практикува политика на директен контакт со луѓето ширум Турција, Ердоган рече дека е лесно политика да се води зад затворени врати во Анкаа или Истанбул, но дека вистинската политика се води на терен со народот. Додаде дека политиките кои го немаат наодот за консултант, работат во интерес и одговараат на некои странски центри, а не на народот.

„Поддршката на народот никогаш не изостана во надминувањето на предизвиците и потешкотиите на патот на развојот и прогресот на Турција. Народот ја поддржа борбата против терористите и пучистите на ФЕТО, а ја поддржа и демократската промена на политичкиот систем од парламентарен на претседателски модел", рече Ердоган.

Укажувајќи на важноста на единството на целата нација, Ердоган рече дека никој не може да го запре прогресот на обединетата и решителната Турција.

Исто така рече дека најголем непријател на државата и нацијата е секој кој застапува ставови, реторика и работи на предизвикување поделби во народот и државата.

„Оваа земја и народот повеќе не постапуваат како што им кажуваат другите, туку постапуваат во согласност со сопствените цели", рече Ердоган и додаде дека открицањето на резервите плин ќе бидат користени за доброто на целиот народ, а не за полнење на џебовите на големите светски сили.

Коментирајќи ја ситуацијата во Нагорно-Карабах, Ердоган рече дека Турција го поддржува Азербејџан во неговата борба за ослободување на територијата која Ерменија ја окупира речиси три децении.

Тој нагласи дека САД, Русија и Франција, како челници на Минск групата застанаа на страната на Ерменија и ја снабдуваат со оружје, без оглед што станува збор за групата на ОБСЕ која е формирана заради решавње на кризата на југот на Кавказ.

„Синоќа повторное договорено хуманитарно примирје, но Ерменија повторно го прекрши и изведува напади", рече Ердоган и додаде дека Западот немо ги следи злосторствата.

Ердоган додаде дека на Западот му пречи што Турција гласно се спротивставува на ерменските напади врз Азербејџан.

„Секогаш ќе го преваме гласот против неправдата. Ќе бидеме секаде каде има зло за да помогнеме на угнетените и обесправените", порача Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.