Sefa Mutlu
26 Март 2020•Ажурирај: 27 Март 2020
ИСТАНБУЛ
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, учествуваше на вонредниот самит на лидерите на најразвиените земји во светот, односно лидерите на групата Г20, што е одржан преку видеоконференција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган на самитот на Г-20 се вклучи од Претседателската резиденција „Хубер“ во Истанбул.
Во делегацијата што на самитот ја предводеше Ердоган беа и шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, турскиот министер за трезор и финансии, Берат Албајрак, шефот на Дирекцијата за комуникации, Фахретин Алтун, портпаролот на Кабинетот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, и претставникот на Турција за Г20, Хајретин Демирџан.
Покрај турскиот лидер Ердоган, на денешниот самит присуствуваа и лидерите на преостанатите членки на групата Г-20, Германија, САД, Аргентина, Австралија, Бразил, Кина, Индонезија, Франција, Јужна Африка, Јужна Кореја, Индија, Велика Британија, Италија, Јапонија, Канада, Мексико, Русија, Саудиска Арабија и Европската комисија.
Вонредниот самит на светските лидери е свикан за да се разгледаат начините на координирано дејствување во борбата против глобалната пандемија на коронавирусот и последиците што пандемијата ги има врз економијата.