Турција

Чавушоглу: „Честитки до С. Македонија и Албанија за започнувањето на преговорите со ЕУ“

- Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, им честиташе на Република Северна Македонија и Албанија за одлуката со која и официјално со овие две земји се започнати преговорите за членство во ЕУ

Nazlı Yüzbaşıoğlu  | 26.03.2020 - Обновена : 27.03.2020
Чавушоглу: „Честитки до С. Македонија и Албанија за започнувањето на преговорите со ЕУ“

АНКАРА

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, им честиташе на Република Северна Македонија и Албанија за одлуката со која и официјално со овие две земји се започнати преговорите за членство во ЕУ, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерот Чавушоглу на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги „тагираше“ министерот за надворешни работи на С. Македонија, Никола Димитров, и министерот за надворешни работи и за Европа на Албанија, Гент Цакај, споделувајќи ја објавата: „Им честитаме на пријателските и сојузнички држави Северна Македонија и Албанија за одлуката за започнување на преговорите за членство во ЕУ.“

Истакнувајќи дека ЕУ „иако можеби со задоцнување, сепак донела правилна одлука“, Чавушоглу во својата објава вели: „Оваа одлука ќе даде придонес за стабилноста и просперитетот на Балканот.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.