Турција

Ердоган упати писмо до заменик-патријархот на Ерменската патријаршија Атешјан

„Со тага им оддавам почест на османлиските Ерменци кои ги загубија своите животи во тешките услови во Првата светска војна, а најдлабоко сочувство упатувам до нивните потомци“

Zafer Fatih Beyaz  | 24.04.2019 - Обновена : 25.04.2019
Ердоган упати писмо до заменик-патријархот на Ерменската патријаршија Атешјан

АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изрази сочувство до потомците на османлиските Ерменци, настрадани за време на Првата светска војна, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Со тага им оддавам почест на османлиските Ерменци кои ги загубија своите животи во тешките услови во Првата светска војна, а најдлабоко сочувство упатувам до нивните потомци“, истакна Ердоган во писмото упатено до вршителот на должноста поглавар на Ерменската патријаршија, Арам Атешјан.

Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на турскиот претседател соопшти дека Ердоган во писмото исто така му оддал почест и на патријархот Месроб Мутафјан, кој почина на 8 март.

Истакнувајќи дека големи хуманитарни кризи ги следеле процесите на распаѓањето на сите големи империи, Ердоган рече дека таков бил и случајот и во последните години од постоењето на Османлиското Царство.

Ердоган, исто така, им оддал почест и на сите луѓе кои ги изгубиле животите во периодот на епидемиите од заразни заболувања, миграциите и делувањето на вооружените групи и милитантите кои биле последица на слабеењето на османлискиот државен авторитет.

„Ерменската заедница даде голем придонес, како за Османлиското Царство, така и за Република Турција, која наскоро ќе одбележи стогодишнина од постоењето. Како и вчера, така и денес, таа наша заедница ужива еднакви права и слободи и има важна улога во сите области на животот. Заедничката цел е да ги зајакнуваме врските и односите помеѓу нашите два народа, кои низ историјата го делеле и страдањето и радоста“, порача Ердоган.

Нагласувајќи дека ерменската заедница има посебно место во Турција, Ердоган порача дека и понатаму одлучно ќе се бори против сите обиди за дискриминација.

„Уверен сум дека обединетоста е патот за изградба на заедничка иднина. Во тој контекст, не смееме да им даваме шанса на оние кои го искривуваат нашето минато заради ширење омраза и осветољубивост“, порача Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.