Tuba Şahin
02 Мај 2019•Ажурирај: 02 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција ќе продолжи да се развива и да расте во границите на слободниот пазарен систем, јавува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи за Унијата на турски берзи и стопански комори (TOBB) во главниот град Анкара, Ердоган рече дека земјата ќе ги преземе сите чекори во рамките на принципите на слободниот пазарен систем.
„Кој ќе создава пречки за странските и домашните инвеститори, ќе мора да одговара пред мене“, изјави Ердоган.
„Турција е решена да ги намали каматните стапки и инфлацијата до посакуваните цели“, додаде тој.
Како што беше наведено во новата турска економска програма објавена во септември минатата година, целта за стапката на инфлацијата во земјата изнесува 15,9 отсто за оваа година, 9,8 отсто за 2020 година и 6 отсто за 2021 година.
„Сите индикатори покажуваат дека земјата влегува во нагорен тренд“, рече Ердоган.
По завршувањето на последниот круг на изборите во март, Ердоган изјави дека Владата го остава зад себе периодот на изборите и се фокусира на дејствувањето.
„Ќе го користиме овој период од четири години оптимално. Нашите подготовки за среднорочните и долгорочните програми во голема мера се завршени“, рече тој.
По локалните избори оваа година, како и по парламентарните и претседателските избори во 2018 година, Турција ќе помине четири години без избори.
Ердоган нагласи дека владата се концентрира на структуралните реформи за да го зајакне приватниот сектор.