Burak Bir
02 Мај 2019•Ажурирај: 03 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Челникот на НАТО ќе ја посети Турција в понеделник, соопшти турското Претседателство, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Генералниот секретар Јенс Столтенберг и Северноатланскиот совет ќе бидат во работна посета на Турција, со учество на партнерите од Медитеранскиот дијалог како дел од 25. годишнина на Дијалогот“, се вели од Директоратот за комуникации на Претседателството.
Состанокот на Советот ќе се одржи в понеделник, со учество на турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу и партнерите на Дијалогот во главниот град Анкара.
По состанокот, Чавушоглу и Столтенберг ќе одржат билатерална средба по која ќе следува заедничка прес-конференција.
Медитеријанскиот дијалог на НАТО беше започнат во 1994 година од Северноатлантскиот совет. Во моментот вклучува седум земји од Медитеранскиот регион, кои не се членки на НАТО: Алжир, Египет, Израел, Јордан, Мавританија, Мароко и Тунис.