Sena Güler
28 Октомври 2019•Ажурирај: 29 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Турција храбро води уште една борба слична на Војната за независност, изјави денеска турскиот претседателот Реџеп Таип Ердоган.
„Ние водиме уште една војна слична на Војната за независност, која што ја започнавме пред еден век, а чија кулминација беше формирањето на нашата република“, рече Ердоган во видеопораката до нацијата, по повод одбележувањето на 29 октомври, 96. годишнина на Денот на републиката.
„Им благодарам на сите наши пријатели кои ја споделуваат среќата поради оваа важна пресвртна точка од нашата историја. Упатувам честитки по повод 96. годишнина од прогласувањето на нашата република“, додаде тој.
Турскиот претседател истакна дека нацијата е соочена со уште една историска борба, со цел заштита на сегашноста и иднината.
„Сите случувања низ кои поминуваме, од терористичките напади до предавничкиот обид за пуч на 15 јули [2016 година], претставуваат примери на оваа историска борба.“
Ердоган додаде дека антитерористичките операции во Сирија се исто така, дел од таа војна.
Од 2016 година Турција спроведе три успешни операции во северна Сирија против терористите на ЈПГ/ПКК и ДЕАШ - операцијата „Штитот на Еуфрат“ (2016-2017), операцијата „Маслинова гранка“ (2018) и операцијата „Извор на мирот“ (која започна на 9 октомври).
Ердоган истакна дека Турција се соочила со неселективни напади на нејзините граници и врз економијата, но нагласи дека земјата има моќ, можности и одлучност да ги надмине сиве овие проблеми.
Турција и мисиите на Турција во странство ќе ја одбележат 96. годишнина од прогласувањето на Република Турција.
Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Републиката, на 29 октомври 1923 година официјално го прогласи името на нацијата и го прогласи статусот на земјата како република.
Оттогаш, Турција го одбележува секој 29 октомври како Ден на републиката.