Турција

Ердоган: „Турција е носител на хуманитарната и мировната дипломатија во светот“

- Турскиот претседател рече дека Турција денес е „носител на хуманитарната дипломатија“ и додаде дека неговата земја е „предводник на мировна дипломатија“ низ целиот свет.

Seda Sevencan  | 16.05.2025 - Обновена : 16.05.2025
Ердоган: „Турција е носител на хуманитарната и мировната дипломатија во светот“

ИСТАНБУЛ (АА) – Турција ги предводи глобалните напори во хуманитарната и мировната дипломатија, нагласи претседателот Ердоган денес, по мировните преговори меѓу Русија и Украина што се одржаа во Истанбул, известува Анадолу.

Зборувајќи на настан во Истанбул, Реџеп Таип Ердоган рече дека Турција денес е „носител на хуманитарната дипломатија“ и додаде дека неговата земја е „предводник на мировна дипломатија“ низ целиот свет.

Ердоган, исто така, ја нагласи посветеноста на Турција за изградба на безбеден и мирен регион.

„Вложуваме големи напори да изградиме земја и регион ослободен од тероризам, насилство и терористички закани“, рече Ердоган на настанот „Фестивал на младоста“ што се одржа во Истанбул.

На речиси двочасовните мировни преговори во Истанбул учествуваа високи политички, одбранбени и разузнавачки претставници од Русија, Украина и Турција.

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров потврди дека страните се согласиле да ослободат 1.000 затвореници, а се дискутирало и за можноста за прекин на огнот. Анкара повторно ја истакна својата улога на медијатор, повикувајќи на напредок „на патот кон мирот“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın