Esin Işık
26 Јули 2019•Ажурирај: 27 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денес во Анкара изјави дека неговата земја се уште е најголем пријателски кандидат на Европа, со најголем потенцијал, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турција се уште е најблизок, најсилен, најисплатлив, во секој поглед пријателски кандидат на Европа со најголем потенцијал. Сакаме тоа и да останеме. Доволно е да видиме дека и Европјаните имаат иста намера.Тие што ќе направат еден чекор кон нас, ние ќе направиме десет чекора кон нив", истакна Ердоган.
- „Ние нема да имаме прашање наречено Кандил“
Осврнувајќи се на операцијата „Канџа“, Ердоган истакна: „Нападот на нашиот конзуларен службеник во Ербил е потврда за тоа колку се значајни нашите операции. Нашата цел е да создадеме безбедносна линија на рамнината зад нашата граница, наместо на стрмните планини. Кога ќе успееме да го направиме тоа, прашањето Кандил веќе нема да постои“.
Ердоган, во однос на преговорите за безбедносната зона, нагласи: „Без оглед на исходот, решени сме да го разбиеме терористичкиот коридор источно од Еуфрат.“
- „Во однос на „F-35“ ќе ги преземеме нашите мерки“
Ердоган истакна дека по фазата на инсталација и обука, системите „S-400“ ќе се користат активно од 2020 година. Доколку на Турција не и бидат испорачани борбените авиони „F-35“, турскиот претседател рече дека во тој поглед ќе преземат мерки и ќе се сврат кон други места.
Во однос на Сирија претседателот на Турција, Ердоган, истакна: „Денес, оние што се потпираат на странските сили во регионот и прават силеџиство, утре или ќе пропаднат под земјата или ќе прифатат да бидат понижени“.
Ердоган во својот говор на проширениот состанок со општинските претседатели истакна дека следните избори ќе бидат одржани во јуни 2023 година и дека до тој датум ќе бидат извршени обемни работи на сите нивоа.
„Веднаш штом ќе се вратите во своите градови, без да губиме време, сакам да се обратите до сите наши браќа кои работеа за нашата партија од 2001 година до денес. Треба да ги освоиме срцата на нашите браќа, ако имаат проблеми, да побарате решение на проблемите и што е најважно, барам да не ги прекинувате контактите со нив“, истакна претседателот Ердоган.