Enes Kaplan
26 Јули 2019•Ажурирај: 27 Јули 2019
АНКАРА
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со премиерот на Пакистан, Имран Кан, пренесува Anadolu Agency (АА).
Според соопштението од Канцеларијата за комуникации при Кабинетот на претседателот Ердоган, за време на телефонскиот разговор Ердоган го осудил терористичкиот напад во пакистанската провинција Хајбер Пахтунва.
Посакувајќи им божја милост на оние што ги загубија животите во нападот, Ердоган посака побрзо оздравување на ранетите и искажа сочувство до народот на Пакистан.
Во телефонскиот разговор, исто така, разговарано е за билатералните односи помеѓу двете земји и за регионални прашања.