Hülya Çorakçı Ertan
20 Април 2018•Ажурирај: 20 Април 2018
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Еродган изјави дека некој го организирал теророт на трибините на натпеварот Фенербахче - Бешикташ, додавајќи дека тоа не можело да се случи само по себе, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган денеска во Истанбул одговараше на прашањата нановинарите, а ги прокоментира и синоќешните немири на реванш-средбата од полуфиналето на купот на Турција меѓу Фенербахче и Бешикташ, која беше прекината во второто полувреме.
„Теророт на трибините некој го организирал. Тоа не можеше да се случи само по себе. Невозможно е да се прости она што му е направено на тренерот Шенол Ѓунеш (тренер на Бешикташ). Раговарав со него“, рече Ердоган и додаде дека имал разговор со претседателите на двата клуба, Азиз Јилдирим (Фенербахче) и Фикрет Орман (Бешикташ).
По првата средба на стадионот Водафон Арена на Бешикташ, која заврши 2:2, вчера се одигра реванш-средбата од полуфиналето на турскиот куп на стадионот на Фенербашче, Шукру Сарачоглу во Истанбул. Натпреварот е прекинат во 57. минута при резултат 0:0.
Судијата Мете Калкаван се реши да го прекине натпреварот откако навивачите на Фенербахче со предмет го погодија во глава тренерот на Бешикташ, Шенол Ѓунеш.
На тренерот на Бешикташ Ѓунеш кој се здоби со повреда, во соблекувалната му се ставени пет конци на главата, по што е префрлен во болница, каде и ја минал ноќта. Рано наутро е пуштен од болница.