Sarp Özer
27 Јули 2019•Ажурирај: 29 Јули 2019
АНКАРА
Триесет и четири терористи се неутрализирани во операциите на Турските вооружени сили (ТСК) изведени помеѓу 17-19 јули со околу 20 авиони, вклучувајќи ги и беспилотните летала, во регионите Кандил и Карачак во северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои стигна дописникот на АА, Турските вооружени сили (ТСК) продолжуваат да добиваат ефективни резултати од воздушните операции изведени во регионите надвор од границата, кои се користат како база од страна на терористите.
Од една страна продолжува операцијата „Канџа“, каде што се напаѓаат цели на терористичката организација во Хакурк, а од друга страна пак, борбените авиони на Командата на воздушните сили ги напаѓаат целите на терористичката организација надвор од границата, што се користат како база.
Во овој контекст, авионите на 19 јули извршија воздушни операции во регионот Карачак, користен како база од страна на терористите во северен Ирак.
Во операциите, каде што целите се прецизно утврдени, се покажува чувствителност за животот и безбедноста на цивилите, а исто така се внимава и на заштитата на животната средина. Во операцијата учествуваа околу 20 борбени авиони, вклучувајќи ги и беспилотните летала. Исто така се истакнува дека при воздушните операциите, со ласерска муниција се уништени цели на терористичката организација, како што се упоришта, засолништа и складишта за муниција. Нагласено е дека при операцијата во голем процент е употребена домашна и национална муниција.
- Од 27 мај до денес се неутрализирани вкупно 255 терористи
На 17 јули авионите на Турските вооружени сили (ТСК) полетаа за да ги нападнат терористичките цели во Кандил. Во тие рамки, воените авиони на Командата на воздухопловните сили во координација со операцијата „Канџа“, во Кандил, северен Ирак, ги нападнаа целите на терористичката организација, како што се упоришта, засолништа и складишта за муниција.
Во однос на операцијата, министерот за национална одбрана, Хулуси Акар, рече: „Ова е најсериозниот воздушен напад врз регионот Кандил, кој следуваше по подмолниот вооружен напад во Ербил, каде што е убиен турски дипломат. Операцијата ѝ нанесе тежок удар на терористичката организација. При операцијата уништени се упоришта, засолништа и складишта за муниција кои ѝ припаѓаат на терористичката организација. При операцијата во голем процент е употребена домашна и национална муниција. Нашата борба против тероризмот ќе продолжи со зголемена определба и одлучност додека не се неутрализира последниот терорист.“
Како резултат на овие операции, според првите проценки, неутрализирани се вкупно 34 терористи, од кои 16 во Кандил и 18 во Карачак.
Според тоа, во операцијата „Канџа“, која започна на 27 мај, до денес се неутрализирани вкупно 255 терористи. При операциите, исто така, уништени се магацини за муниција и упоришта користени од терористичката организација.