Gizem Nisa Çebi
27 Септември 2024•Ажурирај: 28 Септември 2024
ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја изрази желбата на Туркије за постојано место во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), јавува Анадолу.
„Како Туркије, се стремиме да станеме постојана членка, но досега не постигнавме никакви резултати“, изјави тој за медиумите по петочната молитва во Истанбул.
Ердоган истакна дека сегашните постојани членки не покажале намера да ја поддржат кандидатурата на Туркије.
Советот за безбедност во моментов се состои од 15 земји членки: пет постојани (Кина, Франција, Русија, Велика Британија и САД) и 10 непостојани избрани со двегодишен мандат од Генералното собрание.