Elif Küçük,Mehmet Kara
09 Декември 2019•Ажурирај: 10 Декември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ја прими на средба Марија Пејчиновиќ-Буриќ, генерална секретарка на Советот на Европа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во рамки на 8. Министерска конференција „Срцето на Азија - Истанбулскиот процес“ во палатата Долмабахче во Истанбул, на тема „Мир, партнерство, просперитет“, Ердоган се сретна со Буриќ.
Средбата беше затворена за медиумите, а траеше околу 20 минути.