Berk Özkan
05 Јуни 2021•Ажурирај: 07 Јуни 2021
ИСТАНБУЛ
Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во Истанбул се состана со премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, јавува Агенција Анадолија (АА).
Средбата Ердоган-Заев одржана е во палатата Вахдетин, во дистриктот Џенгелкој и беше затворена за медиумите.

На приемот присуствуваа турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за здравство Фахретин Коџа, шефот на Директораот за комуникации Фахретин Алтун, гласноговорникот на Кабинетот на турскиот претседател Ибрахим Калин, гласноговорникот на Партијата на правдата и развојот (АК Партија) Омер Челик и помошник на челникот на АК Партија, Ефкан Ала.