Diyar Güldoğan
15 Декември 2023•Ажурирај: 15 Декември 2023
АНКАРА (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со американскиот претседател Џо Бајден, при што во текот на разговорот му порача дека Соединетите Американски Држави (САД) имаат историска одговорност да обезбедат прекин на огнот во Газа, јавува Анадолу.
Во текот на телефонскиот разговор на Ердоган и Бајден станало збор за израелските напади во Појасот Газа, за членството на Шведска во НАТО, прашањето за авионите Ф-16 и за билатералните односи, соопшти Дирекцијата за комуникации на претседателот на Туркије.
Ердоган му пренел на Бајден дека треба да се каже стоп за човечката трагедија во Газа и дека повлекувањето на американската безусловна поддршка за Израел би можело да обезбеди брз прекин на огнот.
Турскиот претседател додаде дека историска одговорност на САД е да обезбедат траен прекин на огнот во регионот.
Ердоган, исто така, предупредил дека продлабочувањето и продолжувањето на израелските напади би можело да имаат негативни регионални и глобални последици.