Mümin Altaş
28 Јуни 2023•Ажурирај: 29 Јуни 2023
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со ерменскиот премиер Никол Пашинјан, јавува Анадолу.
Во соопштението од Канцеларијата за комуникации при Претседателството на Туркије се наведува дека Пашинјан до турскиот народ упатил честитки по повод Курбан бајрам.
Ердоган, исто така, ги пренесе желбите Курбан бајрам на целото човештво, а особено на регионот, да му донесе мир, спокојство и благосостојба.
За време на разговорот, на кој стана збор и за билатералните односи, Ердоган наведе дека досега се преземени чекори за зајакнување на довербата во процесот започнат со цел целосна нормализација на односите меѓу Туркије и Ерменија и дека овој процес треба да продолжи и во наредниот период.