Nurettin Coşkun
28 Април 2020•Ажурирај: 29 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во однос на мерките во борбата против новиот вид коронавирус, Ковид-19, истакна дека во рамките на економскиот пакет „Економски стабилен штит“, висината на поддршката во економијата достигнала до 200 милијарди лири, и дека тоа е најголемата директна поддршка за реалниот сектор, дадена за групите кои имаат ниски приходи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот Ердоган, преку видеоконференција присуствуваше на седницата на Централниот извршен комитет на АК Партијата.
Во говорот што го одржа на состанокот, Ердоган рече дека промената на светската сцена укажува дека пред Турција се отвораат нови и навистина големи можности.
„Како држава и нација, решени сме да ја искористиме оваа историска можност да ја демонстрираме потребната волја, брзо да ги завршиме нашите подготовки и да работиме напорно“, нагласи Ердоган.
Осврнувајќи се на ситуацијата со новиот вид коронавирус во земјата, Ердоган нагласи: „Ќе ги стиснеме забите уште некое време и ќе ги дочекаме убавите денови.“
„Со постепено отстранување на мерките преземени за епидемијата, според распоредот што го утврдивме, се надевам дека производствените капацитети повторно ќе се вратат во целосна брзина и дека сефот на народот и на државата повторно ќе започне да се полни.“
Ердоган, исто така во својот говор ја изрази својата благодарност на 83 милиони граѓани кои ги почитуваа мерките против коронавирусот.
Претседателот Ердоган, осврнувајќи се на економијата, рече дека во рамките на пакетот мерки „Економски стабилен штит“, висината на поддршката достигнала до 200 милијарди лири, и дека тоа е најголемата директна помош за реалниот сектор, дадена за групите кои имаат ниски приходи.
„Особено внимание посветивме на поддршка на граѓаните кои економски спаѓаат во групата со пониски приходи. Обезбедивме поддршка за 4,4 милиони семејства, во две фази, добија парична поддршка од 1.000 лири. Во третата фаза за еднократна помош аплицираа 4,5 милиони семејства. Покрај тоа, обезбедивме и пакет за поддршка за реалниот сектор, од занаетчии до трговци. За граѓаните чии приходи се намалени или целосно укинати, започнаа да се спроведуваат голем број програми. Во рамките на економскиот пакет „Економски стабилен штит“, висината на поддршката во економијата достигна до 200 милијарди лири, и тоа е најголемата директна поддршка за реалниот сектор, дадена за групите кои имаа ниски приходи“, нагласи Ердоган.