Saniye Hülya Çorakçı Ertan
29 Мај 2021•Ажурирај: 30 Мај 2021
ИСТАНБУЛ
Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во Истанбул потврди дека кон крајот на јуни оваа година почнува изградбата на проектот „Канал Истанбул“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган говореше на церемонијата за отворање на кулата „Чамлиџа“ во Истанбул, а во таа пригода потврди кога ќе почне почетокот на работите на долгоочекуваниот проект „Канал Истанбул“.
„Ако даде Бог, кон крајот на јуни поставуваме камен-темелник за Каналот Истанбул“, рече Ердоган и додаде: „Од десната и левата страна на Каналот Истанбул ќе изградиме два нови града. Од тие два града Истанбул ќе биде посебен.“
Со проектот „Канал Истанбул“ планирана е изградба на нов канал помеѓу Мраморното Море и Црното Море поради јакнење на безбедноста на поморскиот сообраќај. Планирано е капацитетот на „Каналот Истанбул“ да биде речиси трикратно поголем од капацитетот на Босфорскиот Канал.
Претходно е објавено дека со новиот канал низ Истанбул дневно на сигурен начин би поминувале 185 бродови, а моментално низ Босфор пловат помеѓу 118 и 125 бродови.
Надлежното Министерство за околина и урбанизам на Турција ги издаде потребните согласности за тој мегапроект со кој значително ќе се растовари транспортот на опасните материи низ Босфор.
Планирано е изградбата на проектот „Канал Истанбул“ да биде завршена кон крајот на 2025 или кон почетокот на 2026 година.