Zehra Aydın
07 Декември 2016•Ажурирај: 07 Декември 2016
АНКАРА (AA) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Анкара изјави дека смета оти граѓаните на Турција со еднаква решителност ќе продолжат со поддршката на националата валута, турската лира, јавува Anadolu Agency (AA).
„Моите сограѓани почнаа сѐ што имаат во девизи да менуваат во турски лири, почнаа да ја купуваат домашната валута. Им благодарам на моите сограѓани што на прво место ја ставаат својата држава, својот народ и ништо понатаму не прашуваат. Верувам дека решителноста во врска со ова прашање ќе остане ненамалена“, рече Ердоган.