Fatih Hafız Mehmet
12 Октомври 2018•Ажурирај: 12 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Во Службениот весник на Република Турција е објавено циркуларно писмо во кое се вели дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објавил намалување на бирократијата во јавните служби, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во писмото се вели дека Ердоган рекол оти Владата повеќе ќе се фокусира на решавање на проблемите, граѓански ориентиран пристап и пристап ориентиран кон резултати, со цел јавните служби да ги намалат одложувањата во бирократската работа.
Ердоган рече дека прашањата што предизвикуваат непопустливост во јавните служби треба да се укинат.
„Службите треба да бидат обезбедени што е можно поскоро и на најдобар начин за нашиот народ, а однесувањата кои наштетуваат на интеграцијата на нашата земја и народот треба да бидат избегнати“, нагласи Ердоган.
Ердоган изјави дека треба да бидат преземени сите мерки за финализирање на апликациите на брз и правилен начин.