Турција

Ердоган: „Нашата единствена цел е да ги заштитиме нашите права и правата на нашите браќа"

„Решителни сме, доколку е потребно, лично да ги спречиме напорите на режимот [во Сирија] за нарушување на примирјето“, рече Ердоган

Meltem Öztürk  | 14.01.2020 - Обновена : 15.01.2020
Ердоган: „Нашата единствена цел е да ги заштитиме нашите права и правата на нашите браќа"

АНКАРА (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека единствената цел на Турција е да ги заштити своите права и својата иднина, како и праата и иднината на нејзините браќа, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Нашата единствена цел е да ги заштитиме нашите права и правата на нашите браќа. Немаме авантуристички цели во Сирија, Либија и Медитеранот. Воопшто немаме империјалистички ентузијазам. Нашите очи не се заслепија со амбиции за нафта и пари. Нашата единствена цел е заштита на нашите права и нашата иднина, како и правата и иднината на нашите браќа", рече Ердоган пред парламентарната група на Партијата на правдата и развојот (АК Партија).

„Решителни сме, доколку е потребно, лично да ги спречиме напорите на режимот [во Сирија] за нарушување на примирјето. Не е шега, сите треба да видат и да признаат дека Турција без сомнение го прави тоа што го кажува“, рече Ердоган додавајќи дека се надева оти примирјето ќе продолжи.

Турскиот претседател истакна дека претходните примирја биле прекрувани од страна на режимот, и рече: „Овој пат ситуацијата е различна.“

Тој нагласи дека во рамки на примирјето 400.000 Сиријци треба да се вратат во своите домови, и побара од меѓународната заедница да дискутира за користењето насилство од страна на сирискиот режим.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.