Sinan Uslu
10 Март 2018•Ажурирај: 10 Март 2018
МЕРСИН (АА) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека неговата земја не претендира ниту на било чија територија, туку таа територија да се исчисти од терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во моментов под контрола имаме 850 километри квадратни. Целта ни е да ставиме под контрола 2.000 километри квадратни", рече Ердоган, додавајќи: „Она што ние го сакаме не е ничија територија, туку тој простор сакаме да го исчистиме од терористите. Каде и да се појавуват терористите, ние сме таму".