Ferdi Türkten
31 Октомври 2020•Ажурирај: 01 Ноември 2020
ВАН
Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека во најкраток можен рок ќе биде направена нова куќа на секој граѓанин на Измир чиј дом е уништен во земјотресот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган говореше на конгресот на Партијата на правдата и развојот (АК Партија) во источниот турски град Ван, во таа пригода се осврна на вчерашниот земјотрес кој го погоди западниот турски град Измир, а во кој, според последните информации, загинаа најмалку 28 лица.
Турскиот претседател упати пораки на сочувство на семејствата на загинатите граѓани на Измир и целиот турски народ, а на повредените им посака што поскоро опоравување.
„На сите граѓани на Измир чии домови се уништени во земјотресот, во најкраток можен рок ќе направиме и ќе им предадеме нови куќи", порача Ердоган.
Говорејќи и за глобалните случувања, Ердоган порача дека светот моментално чувствува болки на преминување во нов политички и економски период.
„Претходниот век, со војните кои резултираа со смрт на стотина милиони луѓе, го одбележаа колонијалните активности без било какви морални граници, и трагање за демократија и слобода. Гледаме дека во првата сериозна криза, кај Западните земји кои се претставуваат како колевка на демократијата и слободата, веднаш се појавија болести како фашизмот, расизмот и ксенофобијата. Оние кои со години поттикнуваат луѓето од различни географски подрачја, кои ги сметаат за ефтина работна сила, доаѓаат во нивните земји, денес ги затвораат своите граници пред бранот на бегалци", рече Ердоган.
Турскиот претседател рече дека оние кои се обидуваат да одбранат се што е лошо што се искажува кон пратеникот на една вера или кон еден државник, под плаштот на слободата, воглавно му штетат на концептот на демократијата.
„Многу е болно што патот кон европските вредности води низ заговарање на најтешките навреди на сметка на симболот на другите вери и општества", порача Ердоган и додаде: „Порастот на исламофобијата, особено во Франција, е потврда на продолжување на менталитетот кој Европа многу пати ја одвлекол во катастрофа."