Ali H. M.Abo Rezeg
14 Февруари 2017•Ажурирај: 15 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, срдечно му се заблагодари на саудискиот крал Селман Бин Абдулазиз Ал Сауд и на народот на Саудиска Арабија, по неговата кратка посета на саудискиот главен град Ријад, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во пораката објавена на официјалниот профил на претседателот на Твитер на арапски јазик, Ердоган истакна: „Сакам да упатам посебна благодарност до саудискиот крал и до братскиот саудиски народ за љубезниот прием и за големото гостопримство за време на мојата посета на Ријад“.
Саудискиот крал беше домаќин на денешниот свечен прием за претседателот Ердоган во палатата Ал Јамама во Ријад.
Претходно, во текот на денот, претседателот се сретна и со саудискиот принц Мухамед бин Селман Ал Сауд.
Ердоган допатува во Ријад синоќа од Бахреин, во рамките на својата турнеја низ Персискиот Залив.