Турција

Ердоган-Макрон: Турција не ги загрозува правата на другите, нема да дозволи ни узурпирање на нејзините права

Двајцата претседатели разговараа за односите меѓу Турција и Франција, меѓу Турција и ЕУ и за ситуацијата во Источниот Медитеран

Zafer Fatih Beyaz  | 22.09.2020 - Обновена : 23.09.2020
Ердоган-Макрон: Турција не ги загрозува правата на другите, нема да дозволи ни узурпирање на нејзините права

АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оствари телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, јавува Агенција Анадолија (АА).

Двајцата претседатели разговараа за односите меѓу Турција и Франција, меѓу Турција и ЕУ и за ситуацијата во Источниот Медитеран.

Ердоган во разговорот истакна дека Турција нема намера да ги загрози правата на другите, но дека, исто така, нема да дозволи загрозување на нејзините права, додавајќи дека Турција и денес, како и порано, се залага за дијалог и соработка со цел да се решат проблемите во Источниот Медитеран.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın