Diyar Güldoğan
14 Јули 2023•Ажурирај: 15 Јули 2023
АНКАРА (АА) — Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изрази надеж дека страните во Договорот за пренос на жито преку Црно Море ќе го продолжат договорот, кој треба да истече во понеделник, јавува Анадолу.
„Се подготвуваме да го пречекаме рускиот претседател Владимир Путин во Туркије во август. Имаме сличен став за проширувањето на коридорот за жито преку Црно Море.“
„Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, прати писмо до Путин. Се надевам дека со ова писмо го ќе го осигураме продолжувањето на Договорот за коридорот за жито со заеднички наши напори и на Русија“, изјави Ердоган за новинарите по петочната молитва во Истанбул.
Пред една година Туркије, ОН, Русија и Украина потпишаа Договор во Истанбул за обновување на извозот на жито од три украински пристаништа на Црно Море, што беше запрен по почетокот на руско-украинската војна во февруари. Во Истанбул беше формиран Заеднички координативен центар со официјални претставници од трите земји и ОН за да го надгледува извозот.
Првиот брод што превезуваше жито според историскиот договор во август исплови од украинското пристаниште Одеса.
Туркије, меѓународно пофалена за нејзината единствена улога на посредник меѓу Украина и Русија, постојано ги повикуваше Киев и Москва да ја прекинат војната преку преговори.
Руските официјални претставници навестија дека овој месец би можеле да го блокираат продолжувањето на Договорот за жито, жалејќи се дека делови од Договорот за дозволување на рускиот извоз останале неисполнети.