Sibel Uğurlu
23 Март 2018•Ажурирај: 24 Март 2018
ИСТАНБУЛ (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Франција Емануел Макрон разговараа телефонски за билатерални и регионални прашања, јавува Anadolu Agency (AA).
Според наводите од Кабинетот на претседателот на Турција, Ердоган на Макрон му упати сочуство по повод заложничката криза во Франција во која грабнувач, кој е убиен, во петок усмрти три лица и рани уште четири.
Турскиот претседател, го запозна францускиот лидер со досегашниот тек на операцијата „Маслинова гранка" во Африн во Сирија.
Додаде дека турските сили на подрачјето на Африн исчистиле од терористите и воспоставиле сигурно опкружување за тамошните жители.
Ердоган во текот на разговорите ја нагласи важноста на повторно интензивирање на односите со ЕУ како и преговорите за членство.