ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју за катарскиот телевизиски канал Ал-Џезира одговораше на прашањата во врска со обидот за државен удар на ФЕТО и истакна дека целта на ФЕТО не е само да дојде на власт во Турција, туку и да се обиде да се прошири и до африканските земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган истакна дека обидот за државен удар го извршила терористичката организација ФЕТО, и рече: „Целта на ФЕТО не е само да воспостави власт во Турција туку да се обиде да се прошири и до африканските земји“.
Ердоган нагласи дека оваа група не е верска организација, туку е терористичка организација што има за цел да ги земе под контрола државата и економијата, и додаде: „Покажувањето лабав став против злосторниците претставува предавство на угнетените. Нема да имаме лабав став кон пучистите. Тие се предавници. Нема да бидеме милосрдни кон нив“.
Ердоган стави акцент на тоа дека организацијата (ФЕТО) има свои посебни интереси, за кои рече дека ќе бидат уништени.
„Нема да дозволиме тие да се присутни во државните институции“, додаде тој.
Ердоган посочи дека со државата управувале на демократски начин.
„Пучистите ги бомбардираа Претседателската палата и Народната разузнувачка служба (МИТ). Се обидоа да воспостават контрола над армиските единици. Тие можат да заземат згради, но нема да можат да го заземат народот“, рече тој.
„Со наредбите што ги даде лицето во Пенсилванија (Фетула Ѓулен), беа бомбардирани граѓаните“, истакна Ердоган, продолжи: „Сите негови приврзаници, ќе платат за ова. Тие за да можат да доминираат врз народот, ја користат верата. Не се плашиме од смртта. Ние сме муслимани и според нас смртта е судбина. Кога ќе ни дојде судбината, времето ниту може да се врати назад, ниту може да се помести напред. Видете го момчето што легна под тенкот“.
- „Врховниот воен совет стана причина за ударот да се премести за порано“ -
На прашањето зошто ФЕТО го извршил ударот тоа време Ердоган одговори: „Ќе се одржеше состанокот на Врховниот воен совет (ЈАШ). Сфатија дека ќе станат уште послаби, ударот го поместија за порано, меѓутоа мојот херојски народ не им дозволи. Јас бев во Мармарис и преку мобилен телефон го повикав народот да излезе на улиците. Народот излезе на мостот Босфор и на други места. Засега имаме 240 загинати“.
- „Ќе ја формираме државата од нула“ -
Ердоган истакна дека сослушувањата траат, но ова ќе биде долготрајна работа, и додаде: „Ќе ги искорениме. Државата ќе ја формираме од нула. Ќе ги исчистиме нашите безбедносни сили. Ангажманите од овој тип, ќе ги поддржуваме“.
Ердоган, во врска со „Митингот за демократијата и загинатите херои“, на кој ќе учествуваат и опозициските партии во Јеникапи, Истанбул, рече: „Им упатив покана до ЏХП и МХП за да учествуваат на овој митинг и од нив добив позитивни одговори. Преку овој митинг ќе ја упатиме пораката за нашето единство. Митингот во Јеникапи не е само важен за Турција туку и за целиот свет. Денеска ќе бидеме една татковина, едно знаме, еден народ и една држава“.
- Молчеливоста на Западот пред државниот удар -
Ердоган, кој го критикува ставот на Западот што го има кон ударот, рече: „Западот нам не ни покажа дека е против ударот. Не може да му биде простена молчеливоста. Само ни рекоа „нека е со помин“. Потоа кажаа чудни зборови. Ни рекоа: ‘Разрешувате многу луѓе и ги приведувате војниците и судиите’. Вие, без да знаете што се случува во Турција, немате право да нè критикувате нас и системот во државата. Овие луѓе не се искрени. Дојде началникот на Генералштабот на САД (Џозеф Данфорд). Му го покажавме нашето Собрание. Бомбардирањето на оваа зграда е значаен настан. Кој ја бомбардираше?- Припадниците на ФЕТО“.
Ердоган нагласи дека Западот нема право да ја критикува Турција.
„Нас нè критикува „Амнести интернешенел“ Лондон, велејќи ‘Зошто го приведувате овој, зошто го судите оној?’. А јас велам ‘Знајте си ја границата на однесување’. Бидете праведни и доследни. За Владата избрана од народот, неопростлив е обидот за удар. Тие што беа молчеливи во врска со ударот, тие се оние кои го избраа тоталитарниот систем наместо демократијата. Го бакнувам во чело мојот народ што ги расипа овие планови“.
- „Најголем доказ е началникот на Генералштабот на турската армија Акар"-
На прашањето за испорачувањето на Ѓулен на Турција, претседателот Ердоган одговори: „Се надевам дека САД ќе нѐ разберат по ова прашање и ќе го направат потребното во врска со неговата испорака".
Претседателот Ердоган истакна дека раководството од Вашингтон по прашањето за испорака на Ѓулен бара докази, и потсети дека за време на посетата на началникот на Генералштабот на војската на САД на Собранието на Турција, покрај него се наоѓал и началникот на Генералштабот на војската на Турција, Хусули Акар.
„При посетата на Турција, началникот на Генералштабот на САД нѐ праша ‘Дали имате докази дека тој е човекот што го бомбардираше Собранието?’. Во тој момент началникот на Генералштабот на Турција рече ‘Јас сум доказот’".
Турскиот претседател во интервјуто кажа дека го читал Ѓулен, дека не го смета за многу умен, дека е само лице кое плаче и ги расплакува луѓето додека ги раскажува приказните за пратеникот (Мухамед).
„За жал има луѓе кои му веруваат. Акумулираше заштеда. Со овие пари направи големи инвестиции. Го искористи исламот. За една египетска телевизија изјави дека поседува училишта во 170 земји. Тие во тие земји подготвуваат деца, со чија помош во иднина планираат да ги преземат под своја контрола тие држави", зборуваше претседателот на Турција, Ердоган.
- Посетата на Русија -
Ердоган истакна дека претседателот на Русија, Владимир Путин, следниот ден, веднаш по обидот за удар, му се јавил и изразил сочувство за загинатите и истакнал дека Русија ја поддржува Турција.
Ердоган истакна дека во вторник, со делегација бизнисмени ќе оди во Русија. Тој рече дека уште пред обидот за удар било решено да се оди во Русија и дека со Путин ќе разговараат за регионот и Сирија. Ердоган истакна дека настаните што се случиле во Алепо во последно време, се многу тажни.
„Не само во Алепо, состојбата е лоша и во северна Сирија и во Менбиџ. Во последно време, видовме дека опозицијата во Сирија ја стабилизирала состојбата. Посетата што во вторник ќе ја остварам во Русија е важна за регионот. Турција е важна и голема држава. И Русија е моќна и голема држава. За регионот е многу важно да работиме рамо до рамо. За Сирија треба да се обединат Русија, Иран, Ирак и Турција, дури и Либан“.
- Договорот помеѓу Европската Унија и Турција -
Ердоган потсети на тоа дека Европската Унија не го реализирала ветеното.
„Треба да се стави во функција договорот за бегалците. Европската Унија, за да побара од Турција да ги исполни одговорностите, треба прво тие самите да ги исполнат одговорностите што ги имаат дадено. Европската Унија досега нема направено ниту еден чекор во врска со темава. Моментално, во нашата држава има три милиони Сиријци и Иранчани. Сите тие се бегалци. Европската Унија нема ваков проблем“.
Исто така, претседателот Ердоган рече дека на Европската Унија им е советувано во северна Сирија да се формира област, што ќе биде ослободена од терор, над која летовите ќе бидат забранети, а за луѓето да се обезбеди заштита и образование.